Американска работа: Плаќаат за да одат во затвор

За само триесет долари, жителите на градот Линколн, престолнината на Небраска, можат да поминат извесно време зад решетки. Меѓу ентузијастите има студенти кои изучуваат кривично право, локален телевизиски водител, па дури и член на Сенатот на Небраска.

Во текот на летото во градот ќе биде отворен нов затвор и локалните власти се одлучиле на овој начин да го "испробаат", соопштија американските медиуми, а за улогата на неосудени затвореници веќе се пријавиле 200 кандидати, кои според затворските услови, мора да се над 18 години.

"Сакаме да направиме генерална проверка: да се убедиме дека системот за внатрешна телефонска врска работи добро, нема проблеми со осветлувањето и водоснабдувањето", појаснува претставник на затворот.

Необичната акција започна денеска и ќе трае три дена.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О