Знаете ли кој го пратил првиот мејл во историјата?

Поголемиот број од нас секојдневно ги користат сите благодати на интернетот, без воопшто да размислуваат на таа тема. Но, дали некогаш сте се запрашале кој го испратил првиот мејл во историјата, или пак кој ја поставил првата слики на интернетот?

Тоа, и уште неколку занимливости околу интернетот ни пренесува "Bussines Insider".Првиот мејл бил пратен во далечната 1971 година, а го пратил Рој Томлинсон. Интересно е што си го испратил самиот на себе, а потоа признал дека содржината на пораката била со "глупава" содржина.
Првата веб страница во светот била направена во 1991 година, а истата давала информации за "World Wide Web".
Човекот кој го измислил "Wolrd Wide Web", Тим Бернерс Ли, ја поставил првата слика на интернет, а се работело за слика од бендот "Less Horrible Cernettes".

Интересно е што првата реченица изговорена на Скајп била на естонски јазик, а гласела "Ало, ме слушаш ли?"

Првото лице регистрирано на мегапопуларната социјална мрежа Фејсбук, бил самиот основач, Марк Цукерберг, а веднаш по него, како втор, се регистрирал Ери Хасит.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О