Ја гледавме во „Чувари на плажата”: Вака изгледа во петтата деценија

Времето на некои не им е пријател, но и тоа како и` е наклонето на Кармен Електра која во 42-рата година изгледа како божица.

Американската убавица се пофали со фотографии од Тахити, каде што поминала неколку денови и се одморила од „тешкиот живот“.

Покрај тропската идила, бескрајните песочни плажи и азурно сината вода, Кармен очигледно уживала и собрала енергија за нови работни предизвици.



Иако атрактивната бринета во април ќе наполни 43 години и понатаму може да се пофали со одлична форма, а не се сомневаме дека црвениот костим за капење кој го носеше во „Чувари на плажата“ и сега одлично и` стои.


Кармен Електра на своите следбеници на Инстаграм покрај сексипилните фотографии, им испрати и топли поздрави од Тахити.


Популарната актерка својата кариера ја започна како Плејбој зајачица, а својата планетарна слава ја стекна токму со улогата во мегапопуларната серија од деведесеттите „Чувари на плажата“. Таа досега два пати се омажи, но и двата брака завршија неславно.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О