Денеска околу 12 часот во Тетово, лицето Н.В. го загубило животот откако бил прегазен од страна на камион со приколка со кумановски регистарски таблички.
Камионот бил управуан од страна на лицето А.М. (32).
Несреќата се случила на крстосниците од улиците „Борис Кидрич“ и булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово.
Како што објаснуваат сведоците на настанот, пешакот бил удрен од страна приколката додека ја минувал улицата.
Жртвата не забележала дека камионот има приколка.
