Младенов направил два круга од Скопје до Велес

Новинарот и сопственик на „Фокус“, Никола Младенов, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи во вторникот вечер на 26 март, речиси три и пол часа минал возејќи се со својот „мерцедес“ на автопатот од Скопје до Велес и назад, делница што ја минал двапати од моментот кога излегол од дома, сѐ до трагичниот миг кога се случила сообраќајната несреќа, открива „Нова Македонија“
Од засега неутврдени причини, Младенов всушност направил два круга од Скопје до Велес. Тоа може да се утврди од четирите белешки - фискални сметки од патарините „Сопот“ и „Отовица“, од двете страни на автопатот Скопје - Велес - Скопје, во непосредна близина на Велешко Езеро, до кои „Нова Македонија“ дојде по сопствена истрага.

По малкуте детали објавени за трагичната сообраќајка, од судот, обвинителството, полицијата и од судска медицина, екипа на „Нова Македонија“ во саботата беше на местото каде што загина Младенов и се обиде да направи своја реконструкција на настанот.

На необезбедениот терен, на клучката кај Хиподром, при влезот во Скопје, најдовме важни детали за кои сметаме дека се од суштествено значење за утврдување на вистината. Во грмушките, меѓу дрвјата, од каде што во средата околу 20 часот беше извлечено возилото „мерцедес“, пронајдовме фискални сметки од патарини расфрлани на четири страни.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О