Видео: Како би изгледала Земјата ако исчезне Сонцето


Сонцето го одржува животот на земјата, но што би се случило доколку Сонцето одненадеж исчезне?
Секако дека тоа нема да се случи, но Мајкл Стивенс се позанимавал со оваа тема и открил каков би бил животот на Земјата ако го нема Сонцето.
Првата промена која би ја воочиле е недостатокот на светлина. Со оглед на тоа дека се потребни осум минути и дваесет секунди за сончевите зраци да стигнат до Земјата, тоа не би се случило моментално. Уште светлина од вселената би допирала до нас, а би можеле и некое време да се потпреме на електричната енергија и горивата кои би ни обезбедиле вештачко светло. Според зборовите на Стивенс, градовите и понатаму би можеле да бидат осветлени како што се сега осветлени за време на ноќта, со тоа што постојано и секаде би било ноќ.
Без Сонцето не би имало ниту фотосинтеза, процес во кој билките ја користат енергијата на сончевото зрачење за синтеза на храната. Тоа би бил огромен проблем со оглед на тоа дека фотосинтезата стои зад 99.9 отсто од природната продукција на Земјата. Билките без неа не би можеле да внесуваат јаглерод диоксид и да исфрлаат кислород.
Без Сонцето на Земјата би било екстремно ладно. Просечната температура е околу 14 степени, а кога една недела не би имало Сонце, таа би се спуштила длабоко под нулата. Би замрзнале и површините на океаните, додека нешто подлабоко водата би останала во течна состојба. На дното на океаните би постоел живиот свет, смета Стивенс.
И најважно, без гравитационата сила која ја држи планетата во орбитата околу Сонцето, Земјата практично би летала низ вселената.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О