Бугарската телевизија БТВ пред изборите сними репортажа за Македонија, во која покрај другите соговорник им е и пратеникот од ДПА Беким Фазлиу.
На прашањето како се чуствува Фазлиу вели дека се чуствува како Албанец и дека албанскиот јазик мора да има ист статус како и македонскиот .
- Сакаме како што е македонскиот јазик официјален така да биде и албанскиот. На пример како може во Косово каде живеаат само 5 проценти Срби, Хашим Тачи да пишува и на албански и на српски, изјавува за телевезијата Фазлиу.
Тој порачува дека знамето на Македонија е донесено без да бидат прашани Албанците, па затоа ќе изберат ново знаме кое ќе ги претставува сите граѓани на земјата.
Тој дури и иронично го прашува новинарот дали во Бугарија има место за Македонците.
- Ќе одбереме државно знаме кое ќе ги претставува сите граѓани. Македонското знаме кога е донесено е донесено без да се прашаат Албанците, и не нè претставува нас. Тоа е, или да не избркаат од тука или ние нив – вели Фазлиу, кој додава дека сака и албанскиот јазик да биде официјален јазик во Македонија, изјавува Фазлиу.