
За да го креира овој мод, тимот на Sony помина цели три дена на стадион во Sao Paulo, Brazil, каде што ги тестираше сите акустични аспекти со цел да направи што е можно поавтентичен звук во вашите дневни соби. Кога ја одбирате оваа опција, Sony ги користи податоците со цел да го појача звукот од публиката, без разлика на тоа кој натпревар го гледате.
Оваа опција работи за сите емитувања, односно без разлика дали станува збор за натпревар во живо, DVD снимка или стриминг преку компјутер. Освен за фудбалските натпревари, овој мод може да биде користен и за останатите спортови - тенис, рагби или мото-трки.