Партијата на Бучко, Зиков и Минчо промовирана: најавуваат 100 000 работни места


Граѓанската алијанса за позитивна Македонија (АПМ) денеска беше промовирана во Скопје, а меѓу присустните можеше да се забележи и лидерот на ГРОМ, Стефче Јакимовски, потпретседателката на ЛП, претседателот Милетиќ на СНС како и претставници на други партии кои од неодамна започнаа да функционираат самостојно. 


Иницијаторите Бучковски, Зиков и Јорданов најавија нови 100 000 работни места, а со тоа, како што велат тие, ќе ја победат „белата чума“ која владее во Македонија.

Нивната партија е централна, а со концепт, тие ќе се борат да ги „превземат“ неопределените, а не како што велат тие, да растураат партии.

И од АПМ со сличен став како на партијата на Стефче (ГРОМ) ќе ги поддржуваат добрите потези на власта, но и ќе ја критикуваат. А за претседателот пак, медиумите шпекулираат дека местото ќе му припадне на новинарот Љубчо Зиков, но од партијата велат дека тоа ќе го одлучат на Конгрес.

М.В.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О