Срби уапсени поради шверц на хероин во Киндер јајца!


Белградската полиција после повеќемесечна акција во шумата на Кошутњак уапсила осумчлена група поради шверц на хероин во Киндер јајца, соопштило денес Министерството за внатрешни работи на Србија.

Уапсени се З.П. (1978), П.Ж. (1987), С.Ж. (1985), Ж.М. (1979), К.Ж. (1984) и Б.С. (1990).

Според изјавата на МВР на Србија, осомничените ја зголемувале масата на хероинот со парацетамол и пакетчињата со дрога од 0,5 грама ги пакувале во Киндер јајца и ги оставале на претходно договорени места на Кошутњак.

Од таму, лицата кои се задолжени за улична продажба, ја превземале дрогата и ја препродавале на последните купувачи на подрачјето на општините Раковица и Чукарица.

При апсењето се пронајдени 70 пакетчиња хероин со тежина од по 0,5 грама, а во еден стан други три пакети од по 500 грама дрога, која била сокриена во поставата на женска чанта.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О