Месечен хороскоп за јули 2013 година

хороскопПрочитајте што овој месец ѕвездите ви приредуваат и како да се соочите со проблемите и останатите животни искушенија.



Овен

Работа

Доколку во овој период сте планирале годишен одмор, сте го избрале вистинскиот момент за тоа. Доколку морате да работите, ќе имате повеќе задоволство, па и некој вид на опуштање на работното место. Од почетокот на јули ќе ви се врати новата енергија и ќе имате нови идеи.

Љубов

Во првата половина на јули ќе бидете заинтересирани за послободни врски и забава. Доколку сте во врска, вашата љубов има тенденција навистина долго да трае. Некој близок повторно ќе се обидува да ве спои со личност од минатото. Во втората половина на јули ќе се двоумите помеѓу два партнери.

Здравје

Користете соодветна заштита од сонцето и ќе се чувствувате одлично.

Бик

Работа

Ве очекуваат убави промени. Можете да добиете преместување на подобро работно место, може да ја промените компанијата, да добиете зголемување на платата или да се вработите, доколку сте невработени. Финансиската ситуација ви е сè подобра и подобра.

Љубов

Јули ви овозможува неверојатни можности за остварувања на љубовен план, доколку сте осамени. Одењето на годишен одмор и патувањата носат преубава романса, која ќе ви ја врати насмевката на лицето. Познанството преку друштвените мрежи ќе премине во љубовна приказна, но и одредено познанство со необична личност преку близок пријател може да се преточи во прекрасна љубовна романса. Ве набљудува интересен Близнак

Здравје

Чувствителни сте на вируси. Настинка, синуси.

Близнаци

Работа

Постепено се враќате во старата форма. Ќе ве заинтересира и некој нов почеток и тоа низ партнерските односи, но овој пат од лично задоволство. Тоа е работа во која најдобро се снаоѓате. Дадена ви е втора шанса - искористете ја и не се двоумете.

Љубов

На почетокот на јули на вашето астролошко поле кое припаѓа на патувањата, блиските пријатели и роднини ќе престојува Венера, која инаку е владетел на вашиот љубовен живот, за во другата половина на месецот да премине во полето на вашиот дом. Почетокот на јули ви носи љубов со доминантен партнер, личноста која во нешто е посебна, грижлиав и успешна. Оние кои се во врска, односите се подобруваат, а со партнерот ве очекуваат прекрасни моменти и групни случувања.

Здравје

Виталност. Ве следи силна позитивна енергија

Рак

Работа

Јули ќе го обележи влегувањето на Јупитер во вашето соѕвездие, каде што ќе престојува наредната година. Ова е еден од поуспешните периоди за вас, кога ви се препорачува да се ангажирате колку можете повеќе на сите полиња од животот за да бидете поуспешни.

Љубов

Почетокот на јули донесува љубов, но во вашето соседство. Партнерот е ентузијаст, има изразена животна радост, реален е и успешен. Љубовта која сте ја започнале претходниот месец, на почетокот на јули ќе ви стане многу интересна. Ќе има и авантури без некое значење, но секоја од нив ќе биде убава на свој начин. Во втората половина на јули ќе започнете да контактирате со поранешниот партнер/ка.

Здравје

Обрнете внимание на исхраната. Навлегувањето на Јупитер во вашето соѕвездие, лесно може да донесе зголемен апетит и склоност кон дебелеење.

Лав

Работа

Ви пристигнуваат одлични резултати, врз основа на претходното залагање на работното место. Ќе имате поголеми можности за заработка и подобрена финансиска ситуација. Во втората половина на месецот не донесувајте важни одлуки.

Љубов

Јули е месец за излегувања, забава, дружење, нови врски но и патувања. Повеќе време ќе поминувате со пријателите, а преку нив ќе ги реализирате најинтересните љубовни случувања. Ќе има неверојатни интересни личности, а вие како типичен Лав ќе сакате да поминувате време со сите. За оние кои се во врска, ќе имаат сериозен разговор за брак.

Здравје

Оптимизам, добро расположение и виталност

Девица

Работа

Добро сте поддржани кога станува збор за кариерата, која е во фаза на поголеми остварувања. Сепак, во текот на јули ве очекуваат неколку предизвици на кои морате да обрнете внимание.

Љубов


Вашите желби и доживувања во текот на јули треба да ги преиспитате, но не донесувајте конечна одлука. Внатрешниот глас ви зборува дека не сте задоволни со долгата врска или брачниот партнер. Ова е чувство кое поминува. Седнете и запрашајте се дали вие самите сте придонеле за овие чувства и случувања. Подобро ќе ви биде малку да се промените и да имате повеќе разбирање.

Здравје

Нетрпение. Насочете се кон спортот

Вага

Работа

Јули ви донесува огромно количество на енергија. ќе бидете повеќе од вообичаено во движење, работејќи разни работи кои ќе ви донесат задоволство. Неочекувано и брзо унапредување, промени поради кои ќе бидете пресреќни.

Љубов

Одењето на пат и годишниот одмор ќе ви донесат познанство со личност која ќе има ексцентрично однесување и ексцентричен вкус. Оваа љубовна приказна врз вас ќе делува како будење и ќе ви донесе целосно опоравување, доколку сте доживеале емотивно разочарување во претходниот период. Љубовта која може да потрае ќе ја запознаете токму овој месец.

Здравје

Чувствителна кожа.

Шкорпија

Работа

Втората половина на јули за вас ќе биде навистина успешна и значајна. На полесен начин ќе ги остварите вашите намери на кои сте работеле веќе подолго време. Исто така, во овој период очекувајте вработување.

Љубов

Сето она што сте го криеле или што не ви било познато, за вас ќе биде вистински предизвик. Новата љубов ќе ја почувствувате со целосно непозната личност која не сте ја виделе никогаш во вашиот живот. Исто така, очекувајте враќање на старата љубов во вашиот живот. За оние „зафатените“, задоволство во брачниот живот.

Здравје

Оптимизам и силно чувство на задоволство.

Стрелец

Работа

Ќе бидете и повеќе од задоволни со самите себеси. Што и да работите и на што и да сте посветени, ќе успеете да дојдете до добра заработка. Патувањата исто така ќе ви донесат добивка и прекрасна забава. Во втората половина на јули ќе донесете важни одлуки за иднината.

Љубов

Уште од почетокот на јули ќе очекувате добри промени на љубовен план. На јавно место или на пат ќе ви се исполни желбата која долго време сте ја посакувале. Ќе има и љубов на прв поглед, со помлад партнер. Доколку сте во врска може да се соочите со раскинување, но и брзо смирување.

Здравје

Доколку добиете настинка, неопходно е да мирувате.

Јарец

Работа

Ќе заблескате во текот на јули. Ќе имате можност да бидете ангажирани за работи кои ги сакате и сакате да ги работите како и да дојдете до посакуваното преместување или вработување. Ви се враќа оптимизмот, полни сте со енергија и чувствувате дека ве следи среќата.

Љубов

Сето она што е за вас значајно на љубовен план ќе се случува на работното место или додека ги извршувате секојдневните активности. Неверојатно убав почеток ве очекува со партнерот кој доаѓа од друга земја или кој често патува. Неговиот оптимизам и леснотија со која пристапува кон животните случувања веднаш ќе ве привлечат.

Здравје

Добро здравје и брзо опоравување, доколку сте имале некои проблеми.

Водолија

Работа


Во неверојатен залет сте. На самиот почеток на месецот ќе имате доказ дека е можно да се исполни сето она што сте го мислеле, сакале и планирале. Во првата половина на месецот ќе имате поддршка од женска личност.

Љубов

Јули ќе биде обележан со старите симпатии, љубовта од минатото и врски кои биле прекинати во блиското минато. Старата симпатија која претходно не ви обрнувала внимание, сега ќе покаже значајна заинтересираност. Старата љубов ќе се обиде повторно да стапи во контакт со вас. Ќе ви треба време да се усогласите и да ја обновите врската.

Здравје

Ќе ви годи престојот на сонце. Не претерувајте

Риби

Работа

Во првата половина на месецот добро ќе ви дојде одмор, за потоа да навлезете во фаза на важни одлуки во врска со вашата кариера. Затоа прво договорете се сами што сакате, па потоа тргнете во реализација.

Љубов

Почетокот на месецот носи непланирани средби со личност која одамна ви е неостварена желба. До средба доаѓа на некое старо место или во старо друштво. Исто така ве очекува средба со влијателни и успешни личности. Овој период за вас ќе биде еден од поуспешните. Во втората половина на јули ве очекува врска со поранешната љубов. За оние кои се во врска или во брак, ве очекува напнатост којашто сте ја чувствувале веќе подолго време. За оние поупорните ќе се врати мирот во семејството.

Здравје

Реакцијата од претераното изложување на сонцето ќе се одрази на вашата кожа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О