Јога- корисна за срцето

Најновото истражување спроведено во Индија покажува дека секојдневното занимавање со јога може да биде многу корисно за здравјето на срцето. Резултатите од истражувањето спроведено на Индискиот институт за технологија го потврдуваат тоа што многу луѓе кои се занимаваат со јога веќе го знаат – дека таквата дисциплина помага во контролата и регулирањето на отчукувањата на срцето.
Во истражувањето учествувале 84 мажи кои доброволно се пријавиле за учество. Притоа, се покажало дека оние кои вежбале и дишеле онака како што налага јогата можеле да го контролираат парасимпатичкиот и симптичкиот нервен систем, на тој начин влијаејќи и на бројот на срцеви отчукувања.

Со подобра контрола на пулсот докажано е дека луѓето можат да се носат со различни облици на психолошкиот стрес, но и возбудувања од секаков вид, што многу корисно влијае на работата на срцето, а со тоа и на општата благосостојба.

Јогата исто така нуди и многу други бенефити – вклучувајќи и подобрување на психолошката состојба, подобрување на држењето, смалување на болките итн.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О