Едно куче-скитник видело мало кученце кое не давало знаци
на живот. Кога се уверило дека навистина е мртво, кучето со помош на
својата муцка го покрило кученцето со земја и се оддалечило без лаење.
На некој начин го погребало, покривајќи го со земја преку целото
тело. Не е јасно дали кучето-скитник е мајка на умреното кученце или
само обично куче кое случајно се појавило на местото на настанот.Сведоците рекле дека големото црно-бело куче, три минути кружело околу телото за да се увери дека навистина е мртво кученцето, па откако сфатило дека навистина е мртво, одлучило да го закопа.