Времето стабилно до петок, поројни дождови за викендот


Денес ќе биде претежно сончево, топло и ветровито, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици ќе биде во западните, југозападните и источните предели.

Постои можност за локални врнежи од град. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури 12°C до 19°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 21°C до 29°C. УВ индекс 7.
Во четврток ќе биде претежно сончево, топло и ветровито. Попладне нестабилно со услови за врнежи од дожд во северозападните, западните и крајните источни предели. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 31°C. УВ индекс 7.
Во Македонија во петок претпладне ќе биде сончево и топло, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици ќе биде во западните, северозападните, југозападните и во источните предели. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 11°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 24°C до 32°C. УВ индекс 8.
За време на викендот се очекува да има поројни дожд, грмежи и силен ветер.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О