Цеца го постави рекордот за продадени карти!


 На концертот на Цеца се очекуваат 90.000 луѓе!

- Цеца на четиричасовниот концерт ќе изведе околу 50 песни. Ќе бидат подигнати и шест кули, а се ќе има изглед на мал град во кој публиката ќе учи. Над бината ќе биде поставен екран со димензии 60 пати 30 метри - вели Александар Милиќ Мили.
Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ на 28 јуни (Видовден) ќе одржи концерт на “Ушче” и со таа прилика се очекуваат 90.000 луѓе од целиот свет! Имено, пејачката ветува вистински спектакл, кој ќе трае четири часа, и со таа прилика ќе изведе околу 50 песни. Бината е веќе постаена, а планирано е да се подигне и вистински мал град. На ливадата ќе бидат и шест кули, а разгласот ќе биде милион вати.
- На концертот ќе бидат 90.000 луѓе, но и многу кои што ќе слушаат надвор од оградениот простор. Бината во облик на сонце е долга 90 метри и широка 60, додека нејзината висина ќе биде речиси 15 метри. Над бината ќе има екран со димензии 60 пати 30 мери и за секоја песна има одредена анимација - вели Александар Милиќ Мили.
Концертот ќе трае четири часа и во текот на таа прилика Цеца ќе отпее околу 50 песни, вклучувајќи и некои што до сега не ги извела. Да ве потсетиме, пејачката неодамна го промовираше својот спот за нумерата од новиот албум под наслов “Da raskinem sa njom”.
 
 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О