Груевски се сретна со кинескиот претседател Кси Џинпинг

Кинескиот претседател Кси Џинпинг се сретна со македонскиот премиер Никола Груевски кој е во посета на Кина.

Кси, како што јави агенцијата Хсинхуа, изјави дека Кина придава големо значење на билатералните односи и е подготвена да ги подобри врските со Македонија врз основа на меѓусебно почитување, додавајќи дека билатералната соработка напредувала без проблеми во последниве години.

Агенцијата ги цитира зборовите на кинескиот претседател дека неговата земја е подготвена да ја зголеми значително размената со Македонија и уште повеќе да ја подобрува билатералната соработка, како што ќе се промовира развојот на врските.

Македонскиот премиер ќе присуствува на конференција за локалните лидери од Кина и на централно и источно европски земји, што се одржува во југозападната кинеска општина Чонгкинг од 2-4 јули.

Кинескиот претседател Кси изјави дека Кина е подготвена да ја промовира соработката со централно-источно европските земји за да се постигнат суштински резултати, додавајќи дека економиите на Кина и земјите од централно-источна Европа се комплементарни.

Македонскиот премиер, според агенцијата Хсинхуа, исткнал дека Македонија ја цени поддршката на Кина и е подготвени да ја зајакне билатералната соработка во областа на политиката, економијата и културата.

Груевски рекол дека Македонија ги поздравува кинески инвестиции во земјата и оти е подготвена да делува како порта за кинеските компании да влезат во Европа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О