Во добро и зло двајца Кенијци ќе делат една жена

Двајца Кенијци се согласија да се оженат со истата жена, со која биле во врска, а таа не можела да се одлучи само за еден. Сите тројца ветиле дека ќе се почитуваат и ќе живеат во љубов и мир, објави Би-Би-Си.

Силвестер Мвендва и Елаја Кимани, според договорот се согласиле да останат да живеат во нејзината куќа и ветиле дека подеднакво ќе се грижат за децата што таа ги родила. Кенискиот полицаец Адхалах Абдулрахман ги убедил на овој чекор, откако ги затекнал како се расправаат кој да ја земе.

-Се согласуваме дека ние нема повеќе да си се закануваме меѓусебно или да бидеме љубоморни еден на друг поради нашата сопруга која вели дека не може да го остави било кој од нас, се наведува во договорот што и двајцата го потпишале. Се додава и дека ниту еден од двајцата мажи не бил принуден да го потпише овој необичен договор, а тие се обврзуваат доброволно да ги почитуваат деновите на посебниот заеднички живот што жената би ги одвоила за нив.

Мвенда вели дека нејзините родители го „благословиле“ овој брак, а жената, која е вдовица, и од нејзиниот прв брак има две деца, не сакала нејзиното име да се објави во медиумите.

Кениската адвокатка за односи во сејствотото Џуди Тонгори за медиумите изјавила дека законот јасно не ја забранува полиандријата - вид на полигамија, и една жена може да биде во брак со двајца или повеќе мажи.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О