Македонскиот државјанин К.Т. од Неготино, кој управувал патничко
возило „VW Пасат“, вчера на Граничниот премин „Богородица“ пријавил дека
во туристичкото место Јерисос во Грција му била одземена задната
регистерска табличка, информира МВР.
Од 56 случаи што ги пријавиле македонските државјани, 39 се кражби на
регистарски таблички, а 14 се оштетувања. Најмногу кражби на таблички
имало во туристичките места Ханиоти (13) и Неа Пори (6).