Романската полиција разбила ланец на елитна проституција, кој го сочинувале повеќе од 60 телевизиски водителки и манекенки од Букурешт.
Девојките наплаќале и до 13.500 евра за секс со богаташи, меѓу кои биле и најпознати романски бизнисмени.
Досега биле обвинети само седум жени за проституција, една побегнала во Дубаи, а 25 биле сослушани и се наоѓаат под истрага. Полицијата претпоставува дека во овој ланец биле вклучени уште 30 девојки кои ќе бидат испрашани.
Меѓу обвинетите се нашла и 20-годишната манекенка Дијана Никорас, која во Романија е позната по тоа што се разголела за "Playboy" веднаш по средното училиште. Обвиненија биле подигнати и против 24-годишната Дијана Гуресоаје и 29-годишната Лавинија Деспина.
Приведени биле и телевизиските водителки Данијела Круду, Малаина Памфиле и Симона Траска. Тие биле уапсени во своите домови и ослободени по сослушувањето, а против нив ќе бидат поднесени обвиненија.
"Спиев кога полицијата почна да чука на мојата врата. Ми ја пребараа целата куќа. Јас бев една од првите кои беа сослушани", рекла Круду и додала дека не сака да зборува за детали.
Организаторката на ланецот била манекенката Дијана Гуресоаје. Таа од клиентите земала и по 2.000 евра само за да ги запознае со девојките.
Според наводите на Романските медиуми, меѓу богатите бизнисмени кои ги користеле сексуалните услуги на ТВ презентерките и манекенките бил Јоан Некуаје. Тој е најбогат Романец, чие богатство се проценува на 1,2 милијарди евра. Сопственик е на фудбалскиот клуб Брашов.
Покрај него, услугите на елитните проститутки ги користел и Габријел Попович, еден од највлијателните луѓе во Романија, чие богатство се проценува на 100 милиони евра.