Граѓанки упаднаа во МРТВ, ги гушкаа и бакнуваа полицајците

Голем број граѓанки на повик на генерал Стојанче Ангелов денеска напладне се обидоа ненасилно и со љубов да извршат упад во македонската радиотелевизија.

По говорот наАнгелов граѓанките на чело со актерките Синоличка Трпкова, Ирена Ристиќ, Софија Куновска и многу други се упатија кон влезот на МРТВ и почнаа да ги бакнуваат и гушкаат полицајците и да им ги даваат цедињата со политичките бомби во кои се слушаат разговорите на луѓе од власта и во кои се зборува за криминал и злоупотреба на функција.

Главниот ходник на телевизијата и влезната врата се исполнети со кордон од специјалци кои не дозволија граѓанките да го преминат прагот и да влезат во МРТВ.

Присутните жени, сопруги, мајки, баби револтирано извикуваа дека тие ја плаќаат оваа телевизија и таа е должна да ги прими внатре, а полицијата не смее да ги спречи бидејќи тие се нивни деца и треба да го бранат интересот на јавноста.

„Од уста вадевме, за да ја изградиме оваа телевизија“, „Од ништо не се плашиме веќе“, извикуваа жените пред телевизијата.

Протестот на генерал Стојанче Ангелов пред МРТВ денеска започна во 12 часот. Ангелов на разглас ги пушташе политичките бомби и повика со љубов да се врати јавниот сервис во функција на правилно информирање на граѓаните.

МРТ долго време е критикувана од меѓународните организации, Европската комисија, како и од домашните невладини организации и новинарски здруженија дека не ја исполнува својата законска обврска да обезбеди фер и балансирано известување за сите политички и граѓански субјетки во Македонија, односно дека уредувачката политика е пристрасна кон владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О