Не може да биде пратеничка - премногу е убава!

Иако освои 10.000 гласови и се пласира на водечката позиција, убавата Нина Моради нема да може да ја извршува функцијата за градски советник.

Нина Сиакали Моради, која има 27 години не може да биде градски советник во Иран, затоа што на избирачката комисија ѝ пречи нејзиниот надворешен изглед, поточно нејзината убавина.

Нина на изборите за градски советници на Казвин, на основа од десет илјади освоени гласови, формално се пласирала на 14 место од вкупно 163 кандидати за оваа функција, но нема да може да ја извршува затоа што е премногу атрактивна.

Висок претставник на избирачката комисија за „Тајмс“ изјавил дека нивната одлука ја образложиле со зборовите: „Hе сакаме манекенка во градското собрание“.

„Десет илјади луѓе гласаа за мене и на таа основа јас треба да бидам прва замена“, изјавила Моради.

Нина Моради има завршено архитектура, а со помош на нејзини пријатели имала визуелно впечатлива изборна кампања. Меѓународното тело за човекови права во Иран, вели дека до дисквалификацијата на Нина Моради, очигледно стои фактот што „таа не се придржува до исламските закони“, пренесува „Тајм“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О