Една од најубавите во светот, скриената плажа на љубовта!

Една од најубавите светски плажи дефинитивно е онаа на еден од островите Мариетас и истата се наоѓа на неколку милји оддалеченост од Мексико.
Оваа популарна атракција уште се нарекува и Плажата на љубовта, а карактеристично за неа е нејзиниот округлест облик и фактот што настанала благодарение на вулканска активност.


Сликите од оваа прекрасна плажа веќе одамна го обиколиле светот, но сепак, таа и понатаму останува успешно скриена од очите на јавноста затоа што истата е посетена од помал број на туристи, пред се затоа што е особено тешко да и се пристапи.


Имено, до самата плажа се доаѓа исклучиво со пливање преку пештерски тунел со должина од 50 метри, а затоа што тунелот не е подводен, до плажата може да се пристигне и без опрема за нуркање.

Во продолжение уживајте во разгледувањето на ова прекрасно и единствено место!








ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О