Она што е засега сигурно (колку што може да се биде сигурен од
шпекулации) е дека финскиот гигант ќе си ја испроба среќата со Windows
RT таблет. Ова е изненадувачки со оглед на фактот дека токму Windows RT
не е баш најпопуларен меѓу корисниците.
За разлика од Windows 8,
RT верзијата работи на сосема различен начин и не му дава пристап на
корисникот до desktop апликациите, како на пример Nero, Photoshop и
слично. Токму поради тоа, поголемиот дел од корисниците се одлучуваат да
доплатат одредена сума (100 до 250 долари) и да купат таблет со Windows
8, наместо RT верзијата.
Останатите шпекулации се однесуваат на
хардверот што би бил „позади“ овој таблет, иако сето ова е засега
непотврдено. Генерално, се зборува за Snapdragon 800 процесор (еден од
најмоќните во светот), надополнето со 2GB RAM и Adreno графичка. Некои
извори велат дека процесорот ќе работи на импресивни 2,15GHz, со што
дефинитивно би скршил неколку бенчмарк рекорди.