
Според соопштението, тој починал во петокот во домот за стари лица во Гранд ајленд, во државата Њујорк. Поранешниот музичар и рудар, Санчез-Бласкез, со прекар Касија, беше официјално прогласен за најстар жител на Земјата од машки пол, кога во јуни почина Џироемон Кимура на 116 години.
Санчез е роден на 8 јуни 1901 година во Шпанија. На 17-годишна возраст се преселил на Куба, а од 1920 година живее во САД. Тој има две деца, седум внуци, 15 правнуци и петмина праправнуци.
Во моментот водечки кандидат да биде прогласен за најстариот маж на светот е 111-годишниот Италијанец Артуро Ликата. Според Гинис, најстарата жена на светот во моментот е 115-годишната Мисао Окава од Јапонија