Официјално: Претставување на новата генерација BMW серија 7

Врвот на понудата на Баварците доби подновување...


За новиот автомобил има многу да се зборува, но за почеток да ги најавиме клучните подобрувања кај овој модел.



Олеснета шасија.

Плаг-ин хибрид изведба.

Модел со погон на сите 4 тркала.

Ласерски светла.



Панорама стаклен кров.

iDrive систем кој ги следи движењата на возачот.

Почетна цена од околу 89.000 евра.

Кога веќе ја спомнавме олеснетата шасија, добро би било да кажеме нешто повеќе за неа. На сите нас ни се добро познати бенефитите од олеснетиот автомобил. Помалку гориво, поголема агилност и подобро сопирање. BMW искористи дел од проектот "i" преку кој беа изградени i3 и i8 моделите за помош при развивањето на новата "седмица".



Металните делови на автомобилот се заменети со алуминиумски, со што возилото е полесно за 130kg. Покрај олеснувањето, автомобилот е зголемен, должината изнесува 5098mm.



Моторизација

Низа на шест и осум цилиндрични агрегати. Издвоивме три изведби за кои се очекува да бидат клучен елемент во продажбата на новата Серија 7.

730d - 3.0 литарски шест цилиндричен турбо дизел, 261 КС и 619Nm вртежен момент, 0-100km/h за 5.8s, макс. брзина - 250 km/h.



740i - 3.0 литарски шест цилиндричен турбо бензинец, 321 КС и 450Nm вртежен момент, 0-100km/h за 5.5s, макс. брзина - 250 km/h.

750i - 4.4 литарски V8 твин турбо бензинец, 444 КС и 649Nm вртежен момент, 0-100km/h за 4.4s, макс. брзина - 250 km/h.

Во кабината

Внатрешноста не остана непроменета. За прв пат iDrive мониторот е осетлив на допир и се повеќе наликува на последната генерација на iPad. Главна промена е распознавање на движењата, преку кои со мрдање на дланката може да го регулирате аудио системот, клима уредот и да одговарате на повици.



Сето ова е овозможено благодарение на 3D сензорот кој ги задава командите. Уште нешто. Во автомобилот е овозможено безжично полнење на мобилен телефон, вентилирачки седишта и 7 инчни таблети вградени на задната клупа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О