Исповед на 63-годишна свингерка: „Имам спиено со 3.000 мажи”

До својата 28 година, Мери Калвер имала сексуални односи само со својот сопруг Бери, се додека еден ден дома не здогледала свингерски магазин, а потоа веќе ништо не било исто...

Мери Калвер, која тврди дека спиела со три илјади мажи, вели дека нејзиниот живот се променил од корен кога нејзиниот сопруг еден ден дома донел магазин со непристојна содржина, кој го позајмил од колега од работа, пренесува „The Guardian”.

„Бери и јас се запознавме кога имав 15 години, а се венчавме кога направив 19. До мојата 28 година тој беше единствениот маж со кој сум спиела и имавме одличен сексуален живот. Се додека еден ден дома не донесе магазин со свингерска содржина“, вели Мери.

„Тој се пошегува дека и ние би требало да го пробаме тоа, а јас му реков да не се глупира и веќе не ми спомена повторно за тоа. Меѓутоа, повремено фрлав поглед на магазинот и замислував дека тоа би можело да биде забавно. На крајот реков дека сепак, би можеле да пробаме. Тој ме гледаше како дете кое штотуку добило божиќен подарок“, објаснува оваа 63-годишна дама и додава дека тие двајца никогаш не го ставале сексот на пиедестал, туку го набљудувале онаков каков што е –одвоен од љубовта.

„Една ноќ спиев со 14 мажи и тогаш помислив дека би било добро да почнам да забележувам со колку сексуални партнери сум била“, продолжува Мери. „Вистина е дека не сум сигурна. Според моите скромни проценки, тоа е околу 100 мажи годишно, за период од 30 години. И денес сметам дека не е природно да се биде само со еден партнер 60 години. Во животот треба да се експериментира и да се искусат различни работи и токму тоа е она што ние го правиме“.


Парот после некое време отворил сопствен клуб за свингери во Шефилд, а Мери признава дека не се сите искуства исти – од фантастични, до оние помалку пријатни, а понекогаш и разочарувачки.

„Во своите четириесетти години, спиев со едно 18-годишно момче, само за да видам како изгледа тоа. Брзо се заврши“, заклучува Мери.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О