Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби од
соодветниот норвешки тим со 2:1 во рамки на квалификациите за Европското
првенство. Двата гола за домаќините, Норвешка, паднаа во првото
полувреме, од кои вториот гол беше постигнат од пенал, по црвениот
картон за Дамчевски. Честа на македонската репрезентација ја одбрани
Николов, во 72 минута.
Ова е прва победа во меѓусебните дуели на младите репрезентации,
откако во 2007 и во 2008 година средбите немаа победник и завршија 1:1,
односно 0:0.
