Собори рекорд: Нејзиното видео за 24 часа го погледнале над 23 милиони луѓе

Oние кои помислија дека после секси настапот на MTV наградите нејзината кариера ќе биде доведена во прашање – се излажаа.

Имено, 20-годишната Мајли Сајрус вчера објави провокативно видео за нејзината нова песна „Wrecking ball“, кој за само 24 часа на YouTube го виделе над 23 милиони луѓе.
Оваа неверојатна бројка, која постојано расте, е нов рекорд! Пред Мајли, рекордери по бројот на кликови во еден ден беа One Direction, кои со песната „Best Song Ever“ забележаа 11 милиони прегледи.

Сигурно некој поглед на ова видео е само поради фактот дека Мајли во истиот е потполно гола.
„Wrecking Ball“ е емотивна балада каде Мајли не ги крие солзите, но ни нејзиното голо тело. Славниот Тери Ричардсон го сними спотот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О