Кучето влегува во автобус и го душка секое седиште, за да го пронајде својот сопственик кој изненадно исчезнал.
Huang не сака да прифати дека останал сам и секој ден се надева дека ќе наиде на својот сопственик, па поминува 10 часа на автобуската станица дочекувајќи го секој автобус што доаѓа.
Тој потоа започнува со својата рутина, ги душка седиштата и луѓето кои влегуваат и излегуваат од автобусот.
Еден од кондуктерите изјавил дека го има видено Huang со својот сопственик близу до еден автомобил пред месец дена, но дека тоа е последен пат откако го видел неговиот газда.
Работниците веќе одлучиле кој ќе го вдоми, но пред тоа мораат да почекаат уште малку со надеж дека неговиот вистински сопственик ќе се врати по него, затоа што кој би сакал да остави ваков верен сопатник?
