Серена ја одбрани титулата и побогата за 3.600.000 долари

Светскиот женски тениски рекет број еден Американката Серена Вилијамс, ја освои својата петта титула на последниот грен слем турнир САД опен, а вкупно 17. во кариерата. Бранителката на титулата во финалето на турнирот во Њујорк беше подобра од Белорусинката Викторија Азаренка со 7:5, 6:7, 6:1. Серена, за овој триумф , но и успехот на американската турнеја претходно, ја зголеми својата банкарска сметка за 3.6000.000 долари.

- Азаренка е голем борец и затоа морав да се помачам за да ја освојам титулата. Кога мислев дека повеќе нема да имам проблеми и дека ќе стигнам до титулата во два сета, Азаренка почна да игра многу поагресивно и го освои вториот сет и покрај тоа што јас два пати и го одземав сервисот. Но благодарение на поддршката од навивачите одиграв фантастичен решавачки сет и не можам да ја опишам радоста по освојување на оваа титула, изјави Серена, која претходно се закити и со титулата на Ролан Гарос.

Со оваа победа Серена, по бројот на титули се изедначи со легендарната Штефи Граф , додека и фали само една титула за да се изедначи со рекордот на Крис Еверт.
Синоќа во машкото финале на турнирот силите ги одмерија светскиот рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Рафаел Надал.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О