Денеска беше одржана прес конференција на СДСМ, на која потпретседателот на партијата
Од друга страна, стаса реакција од владејачката ВМРО ДПМНЕ и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Ванчо Узунов зборуваше за погрешната владина политика и плановите на СДСМ за земјоделството. Беа изнесени статистички официјални податоци, со кои СДСМ ја покажа погубната аграрна политика на Владата на Груевски.
Еве ги фактите на СДСМ, од една страна и одговорите на ВМРО ДПМНЕ (МЗШВ) од друга страна.
СДСМ: Во периодот 2006 – 2012 година, оваа влада има исплатено над 500 милиони евра за субвенции. Но, како стојат работите во однос на ефектите од таа политика?
ВМРО ДПМНЕ (МЗШВ): Не само 500 милиони евра туку многу повеќе се потребни да се вложат во земјоделството за да се санираат штетите кои СДСМ ги направи.
***
СДСМ: Извозот на прехранбени продукти во 2006 г. изнесувал 318 милиони евра, а во 2012 изнесувал 479 милиони евра; пораст од 50%
ВМРО ДПМНЕ (МЗШВ): Добро е што во оваа прилика СДСМ за прв пат јавно призна дека има зголемување на извозот на земјоделски производи.
***
СДСМ: Увозот на прехранбени продукти во 2006 изнесувал 367 милиони евра, а во 2012 година 680 милиони евра; тоа е пораст од 85%.
ВМРО ДПМНЕ (МЗШВ): Повторно СДСМ излегува со замена на тези или со класично непознавање на термините земјоделски производи и прехрамбени производи, сето тоа спакувано преку наводната грижа за трговскиот биланс.
***
СДСМ: Дефицитот во 2006 година изнесувал 49 милиони евра, а во 2012 година 200 милиони евра; пораст од над 300% (три пати).
ВМРО ДПМНЕ (МЗШВ): Изгледа многу време помина за нив надвор од власта па заборавија на штетните договори што ги склучија за трговска либерализација на терет на земјоделско-прехрамбениот сектор кои последици сеуште неможат да се санираат.
***
СДСМ: Увозот на пченица во 2006 година изнесувал 3,7 милиони евра, а во 2011 година 18,5 милиони евра; пораст од 400%
ВМРО ДПМНЕ (МЗШВ): без одговор
***
СДСМ: Увозот на пченично брашно во 2006 година изнесувал 800 илјади евра, а во 2011 година 10 милиони евра; пораст од 1.150%
ВМРО ДПМНЕ (МЗШВ): без одговор
***
СДСМ: За што се потрошени половина милијарда евра за субвенции? Оваа влада субвенциите во земјоделието ги користи само за купување социјален мир и лојалност на земјоделците (на избори).
ВМРО ДПМНЕ (МЗШВ): Единствено актуелната Влада го има чувството за вистинските потреби на земјоделците, посветувајќи ја целата енергија во неговиот развој и подобрување на состојбите со конкретни политики во сите сфери. Да го промени она што го наследи токму од „стручните и загрижени“ во СДСМ во македонскиот аграр.
***
СДСМ: Идната влада на СДСМ планира сосема поинаква политика во однос на земјоделието. Накратко, таа ќе го опфаќа следното:
- Основниот акцент ќе биде ставен на зголемување на ефикасноста и конкурентноста на земјоделското производство; субвенциите се пари на сите граѓани и тие треба да бидат користени за подобро задоволување на нивните потреби!
- Износот на средства за субвенции нема да биде намален, но нема да има едноставно делење пари за засадена/посеана површина;
- Многу поголеми средства ќе се наменат за:
- одржување и изградба на системи за наводнување
- набавка на квалитетни семиња и подобри видови стока
- подобрување на сигурноста на откупот
- подобра дистрибуција на земјоделски производи, и
- субвенционирање на влезните трошоци за земјоделско производство (нафтата и друго);
- Зголемување на искористеноста на средствата од европските фондови наменети за земјоделско производство
ВМРО ДПМНЕ (МЗШВ): Добро е што СДСМ за прв пат јавно излегува со најавување, но само со најавување, на своја политика во „земјоделието“, како што тие граматички неуко го нарекуваат земјоделството. СДСМ повторно продолжува со потценувањето на македонскиот земјоделец, додворување до граѓаните со наводната грижа за средствата кои се издвојуваат за земјоделството, а всушност повторно прикажуваат дека немаат ниту идеи ниту визија за развој на македонското земјоделство.
***
