Владата ќе се задолжи 473 милиони евра за да враќа кредити

Владата идната година треба да обезбеди 473 милиони евра преку задолжувања за да го финансира буџетскиот дефицит, но и за да ги врати старите долгови, покажуваат пресметките од Буџетот за 2014 година. За буџетскиот дефицит се потребни околу 300 милиони евра, додека пак остатокот е за обврските што доспеваат догодина, aнализира Капитал.

За разлика од лани, поголем дел од парите, односно 161 милион евра ќе се обезбедат со задолжувања на домашниот пазар преку издавање на државни записи и обврзници што ги купуваат банките, пензиските фондови и осигурителните друштва.

Меѓутоа, домашните бизнисмени се противат на овој концепт со објаснување дека Владата треба да го намали притисокот врз банките за да делат повеќе кредити. Задолжувањето во странство е планирано на ниво од 86 милиони евра, а државата планира да повлече и депозит од нејзината сметка во Народната банка од 226 милиони евра.

„Во игра се два начини на задолжување во странство и засега се уште анализираме дали ќе издадеме еврообврзница или ќе се одлучиме за заем од некоја од комерцијалните банки со гаранција од Светската банка“, изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О