Кога сме во потрага по дом, главно избегнуваме мали станови или куќи, но секогаш постојат исклучоци. Доколку сте среќници, ќе налетете на станче како овој кој денес ќе ви го презентираме. Овој интересен животен простор се наоѓа во стара зграда од 18 век во центарот на Рим и е најмалиот стан во Италија, но со помош на креативните идеи на сопственикот се претворил во и тоа како посакуван дом. Овој мал стан со површина од само 8 метри квадратни припаѓа на архитектот кој го уредил, а го изнајмува на пријатели кои го посетуваат Вечниот Град.

Тој е навистина домаќински и привлечен простор кој е совршен за привремен престој. Меѓутоа, би било навистина тешко да живееме подолг период на толку мал простот. Станот има модерна кујнаопремена со основните елементи: работна маса, мијалник и простор за складирање. Масата за јадење е мала и се склопува кон ѕидот за да не зафаќа простор кога не е потребна. До спалната соба која во исто време е и соба за дневен престој, се доаѓа преку скалите, а вратата на подот може да се затвори за да се избегнат незгоди. За овој стан да изгледа какошто изгледа важно е да се обезбеди флексибилен и функционален мебел, а како тој изгледа, погледнете во галеријата.