Леле што им направивме на Србите (89-75)

Немојте да ги лутите Македонците, затоа што ќе ве прегазат. Судиите, ФИБА Европа, Црна Гора и Литванија многу ги изнервираа македонските кошаркари, па тие со фантастична игра ја прегазија Србија со 89-75, остварувајќи ја првата победа на Евробаскет 2013. И нема да биде последна!

Фантастичен Мекејлеб, инспириран Илиевски, вистински Антиќ, и сите останати максимално фокусирани и мотивирани, конечно ја видовме Македонија во најубаво светло на Евробаскет 2013. Па, нормално, не заборавиле да играат кошарка, ова е се уште четвртата најдобра селекција во Европа од минатиот шампионат. Само што сега и ги налутија, со оние криминални судиски одлуки во првите два меча. На крајот, Србите останаа попарени, а се надеваме дека во ист стил ќе си поминат и БиХ и Летонија. Македонија се враќа силно, и тоа кога е најпотребно.

Војдан Стојановски го отвори мечот со тројка, а Перо Антиќ со поени од рекетот донесе 5-0 за Македонија. Богдановиќ погоди едно слободно фрлање за Србите, а на спротивната страна Војдан Стојановски две, за 7-1. Но, Бјелица со четири поени едноподруго, намали, пред Лестер Бо Мекејлеб со три прецизни удари од линијата, да зголеми на 10-5, а Дамјан Стојановски погоди за седум позитива во наша корист. Тодор Гечевски со одличен влез зголеми на 16-7, меѓутоа на речиси идентичен начин врати и Рашко Катиќ, а потоа во брза транзиција Марковиќ намали на 18-13, на две и пол минути до крајот на првиот период. Мекејлеб и Антиќ од слободни фрлања, а потоа и две тројки од Владо Илиевски сепак и донесоа на Македонија убедливо водство по првите десет минути (29-17). „Фалангата“ збесна во „Подбежакла“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О