Бо и Македонија се разбудија: Ја пониживме Србија, на ред е БиХ!

Репрезентацијата на Македонија дојде до првата победа во групата “Б“, откако убедливо, славеше над Србија (89:75).

По двата порази против Црна Гора и Литванија, Македонската кошаркарска репрезентација конечно го покажа своето право лице и докажа, дека знае да игра онака како што играше во Литванија пред две години.

На самиот старт, одигравме одлично - направивме солидно водство од 16:7, а првиот период до крајот, го одигравме фантастично откако го завршивме со 29:17 предводени од Илиевски, кој постигна дури три тројки во низа.

Во втората четвртина на почетокот се појавија мали проблеми во играта, наш приоритет беше да го задржиме водството, но по петнаесетатта минута, успеавме да се вратиме во старата форма и до крајот, дури да додадеме и плус четири поени предност на нашето конто (48:32).

Драгоцен скор во првиот дел постигна Владо Илиевски кој на трипати погоди за три и вкупно, имаше 11 поени, додека Мекејлеб, по вчерашната лоша партија против Литванија, денес одигра маестрално во нападот и во одбраната.

Многумина очекуваа Србија да ни се доближи во третиот дел, но ние изненадивме, го задрживме истиот ритам и дојдовме најпрво, до +20 (53:33) а пред самиот крај, благодарение на поените од поле чија ефикасност изнесуваше огромни 43% но и двете тројки на Мекејлеб, дојдовме до огромни 23 коша предност на една минута пред крајот пред почетокот на последниот дел (66:43) а до крајот, со кошот на Перо Антиќ дојдовме и до +25 коша предност (70:45)

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О