Дваесет и втората година од независноста на Република Македонија ја честитаа и организаторите на Евробаскетот 2013 што се одржува во Словенија. На официјалната страна на Евробаскетот на социјалната мрежа Фејсбук утринава беше поставена слика од фалангата со македонското знаме и честитка „Среќен роденден“, пренесува порталот Курир.
Инаку денес македонските кошаркари ќе го одиграат четвртиот натпревар од првата фаза против БиХ со почеток во 14:30.