Денеска на програмата е дуелот помеѓу Македонија и БиХ, меч кој е од големо значење за двете селекции во битката за втората рунда.
Двете репрезентации имаат ист учинок по првите три одиграни кола, по една победа и два порази. Македонија конечно се разигра и ја совлада Србија со убедливи 89:75, додека БиХ беше подобра од Црна Гора.
Во најавите за денешниот меч босанските медиуми признаваат дека нашата селекција е фаворит. Велат, потребна е голема борба, но и среќа за да се совлада Македонија. По онаа фантастична игра против Србија, во таборот на БиХ како да се подисплашија, па велат ќе треба да одиграат над својот максимум за да стигнат до победата.
Нивниот селектор вели дека добро ја познава нашата игра и дека добро знае што треба да направат неговите кошаркари, особено кога е во прашање Лестер Бо Мекејлеб. Александар Петровиќ потенцира дека олеснителна околност е што во таборот на Македонија ќе го нема Ѓорѓи Чековски.
-Еден нивен многу важен играч, особено во скокот, Ѓорѓи Чековски е повреден. Тој буквално не наполни на пријателскиот меч со 33 поени. Сепак и без него Македонија е квалитетна и се подготвуваме како да се комплетни. Ние сме физички добро подготвени и секако се надеваме на успех, изјави селекторот на БиХ Александар Петровиќ за тамошните медиуми.
Инаку, натпреварот започнува во 14:30 часот.
Извор:Курир
Табела:
1. | Lithuania | 2/1 | 5 |
2. | Latvia | 2/1 | 5 |
3. | Serbia | 2/1 | 5 |
4. | F.Y.R. of Macedonia | 1/2 | 4 |
5. | Montenegro | 1/2 | 4 |
6. | Bosnia and Herzegovina | 1/2 | 4 |