Замислете да можете да заборавите на немилите настани така
што ќе отидете на лекар и ќе побарате да ги избришете? Иако ова можеби
звучи како научна фантастика, резултатите кои беа објавени во списанието
Biological Psychiatry, се многу реални.

Тимот кој беше предводен од Кортни Милер од SCRIPPS Истражувачкиот центар во Флорида, успешно го избриша сеќавањата на дрога кај глувци и стаорци што дава надеж за лечење на зависниците или луѓето кои страдаат од пост-трауматски стресни нарушувања (ПТСН)
Искуството на поранешните метамфетамин зависници покажува дека тие чувствуваат желба за дрога, поради асоцијациите како на пример парите, цигарите, па дури и мастиките можат да ги повлечат назад, во зависноста од која тешко се ослободиле.
Сеќавањата се доста тешки да се произведат. Промените мора да се појават во гранките на дендритите – мали структури кои добиваат сигнали од други неврони и во процесот на менување на структурата на нервните клетки. Актинот е протеин кој ја сочинува структурата на клетките и обично се вклучени во овој процес.
Научниците во експериментот кој бил извршен на глувци и стаорци инхибирале актин полимеризација со блокирање на “молекуларните мотори” наречен миозин II. Тоа го направиле за време на фазата на формирање на меморија поврзана со метамфетаминот.
Главниот истражувач објасни се дека возбудени од резултатите затоа што нивната манипулација “нарушува меморијата долго откако била формирана.”
Тестовите кои биле направени по експериментот, откриле дека глувците и стаорците „веднаш и трајно” ги изгубиле сите спомени поврзани со метамфетаминот. Сите други спомени, како што се храна или други награди останале непроменети. “Во нашиот случај, манипулацијата може да се направи во секое време, и очигледно, да се избрише само сеќавањето поврзано со дрога”
Ова дава надеж дека зависниците од дрога и луѓето кои страдаат од ПТСН еден ден би можеле конечно да се излечат.