Осумгодишно девојче почина од внатрешни повреди по првата брачна ноќ

Осумгодишно девојче од Јемен кое било принудено да склучи брак со маж неколку пати постар од неа, почина од внатрешно крварење на првата брачна ноќ.
Девојчето идентификувано како Раван, починало од внатрешно крварење. Активистите ширум светот се огорчени од оваа случка, како и многу пред неа, поради практиката на локалното население на малолетните девојчиња да им договараат присилни бракови со мажи и по неколку пати постари од нив.

Бараат младоженецот, за кој се верува дека има околу 40 години, како и членовите на семејството на починатото девојче да бидат пронајдени и изведени пред судија, пишува Daily Mail.

Со ова, се надеваат дека ќе биде прекинат обичајот на жителите во сиромашните предели на Јемен.

Поради сиромаштијата и обичаите, родителите ги продаваат ќерките

Поради големата сиромаштија, родителите во Јемен не можат да „одолеат”, а да не ги продадат нивните ќерки во бракови за постари мажи бидејќи за нив можат да добијат неколку стотини долари. Повеќе од една четвртина од девојките во Јемен се мажат пред да наполнат 15 години.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О