Аделина Тахири повторно го покажа стегнатиот задник. Албанската пејачка,
која затсиноќа настапи на прославата по повод Денот на независноста на
Македонија, на големата сцена излезе облечена во краток тексас шорц под
кој и ѕиркаше задникот. Дека Аделина е љубител на кратки панталончиња
говори и фактот што и минатата година кога пееше на прославата по ист
повод, таа се појави облечена во слична комбинација.

Минатогодишниот шорц со американски принт, исто така, беше оптегнат над
задникот, а дека глетката и годеше на публиката потврдија и многуте
аплаузи и овации кои ги доби по настапот. Очигледно Аделина не сака да
ризикува и игра на сигурна карта, а ултра кусиот шорц повторно и го
донесе вниманието на посилниот пол.