Фудбалерот на лондонски Тотнем и репрезентативец на Англија, Кајл Вокер
предизвика бура на Островот, откако во медиумите излезе фотографија како
во еден ноќен клуб пушу крек.
На Вокер му преседна доручекот, откако медиумите ја објавиле
фотографијата од еден ноќен клуб во Шефилд, како пуши хипи крек, но за
среќа ФА нема да го казни,
„Кога се освестив, сфатив колку е опсано по здравјето. Знам дека згрешив и се извинувам на сите“, изјави Вокер
ФА
објави дека тој не прекршил никаков кодекс за однесување и дека нема да
го казнат поради спортната фотографија била направена во октомври лани
кога Англија играла против Молдавија.
Ова не е првпат, некој
англиски репрезентативец да биде центар на вниманието поради лудории по
дискотеки. Прв беше Пол Гаскоњ и неговата дружба со алкохолот во Хонг
Конг во 1996 година. Следеше Теди Шерингам во 1998 година, по што беше
отстранет од тимот, а најсвежи примери за неспортски живот во англискиот
национален тим беа Вејн Руни во 2008 и Ешли Кол годинава.
Затоа и јавноста не е изненадена зошто „Гордиот Албион“ од 1966 година не освоила ништо.