Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена
облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста и во западните
делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер
од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од шест до 16, а дневната од 25 до 33 степени.
Во Скопје слично време, со температура до 31 степен.