И покрај поразот од Босна и Херцеговина македонските фанови не паднаа психички, се фатија на оро во фан зоната.
Меѓу најактивните играорци беше екс министерот за надворешни работи и најверојатно иден амбасадор во Хрватска Антонио Милошоски.
Во видеото Милошоски го изигра орото „Елено моме“ и уште неколку други ора а престана да игра откако музичарите почнаа да свират песни од Лепа Брена и други екс југословенски музичари.