Внимавајте - Пепси има хемикалија која предизвикува рак!

Хемикалијата methylimidazole или скратено 4-Mel предизвикува рак на белите дробови а ја има во голема количина во пијалоците на Пепси – Иако ветија лани дека ќе ја отстранат, последните истражувања велат се уште ја има и тоа во големи количини. Оправдувањето на Пепси според Huffington Post, е дека процесот на отстранување на оваа хемикалија е во тек и најавиле дека до февруари 2014 ќе ја тргнат хемикалијата од пијалоците во Америка - НО НЕ НАГЛАСИЛЕ КОГА ТОА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ЗА ПЕПСИ КОЕ СЕ ПРОДАВА ВО СВЕТОТ!
Организацијата за заштита на животната средина“Центар за еколошко здравје” соопшти во Јули дека и по една година и покрај ветувањето – во карамелата која се користи за боење на газираниот пијалак Пепси се уште има недозволено ниво на канцерогени адитиви, иако произведувачот соопштил дека ќе ја промени формулата за подготовка на популарниот пијалак.

Најновите истражувања објавени од медиумите во Јули оваа година покажуваат големо количество на оваа хемикалија во Пепси – односно од 10 тестирани пијалоци на Пепси во сите имало невејоратно висок процент на 4-Mel односно од 4 до 8 пати повисок од дозволеното според калифорниските пропишани минимуми за безбедност на пијалокот.


Кога медиумите дознаа за ова минатата година компаниите Пепси и Кока Кола веднаш излегоа со соопштенија. Двете се обврзаа дека на национално ниво ќе ја променат формулата.

На ова беа и принудени бидејќи во Калифорнија бил усвоен закон според кој мора да се стави предупредување на пијалоците кои содржат забрането ниво на канцерогени адитиви, за купувачите да знаат што ризикуваат кога ги купуваат.

Но иако ветија, според последните истражувања Пепси тоа не го сториле и во пијалакот надвор од Калифорнија се уште има многу високо ниво на хемикалијата 4-methylimidazole која предизвикува РАК.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О