Што ќе претстави Apple вечерва?

Денеска во 19 часот по наше време, Apple во Купертино ќе ги претстави своите новитети, а како и пред секое претставување на нов гаџет, така и овој пат, очекувањата се големи. Традиционално настанот беше најавен со покана која не открива многу, па се појавија шпекулациите дека шарената покана е најава за првиот iPhone во боја.

Huffington Post на едно место ги собра сите шпекулации за тоа што можеме да очекуваме од вечерашниот настан.

1. iPhone 5S

Речиси е извесно дека новата верзија на „петката“ на iPhone ќе се појави денеска и ќе ја има ознаката iPhone 5S. Претпоставките се дека ќе биде со иста големина како и неговиот претходник, како и дека ќе биде достапен во златна боја. Тука е и информацијата ќе биде изработен од таканаречениот Liquidmetal материјал, кој е двојно поцврст од титаниумот. Покрај тоа, во копчето Home може да биде вграден сензор за читање на отисоци. Во опција се и камера со 12 мегапиксели со двоен блиц за подобри фотографии во лоши светлосни услови.

2. iPhone 5C

Меѓу најгласните шпекулации е и онаа за евтината верзија на iPhone, која би требало да се вика iPhone 5C и токму за овој уред се претпоставува дека може да биде достапен во повеќе бои. Тој би имал пластично куќиште, а иако не е извесно колку би му била пониска цената, некои од шпекулациите велат дека ќе биде примарно наменет за Кина и Индија.

3. iOS 7

Иако Apple делумно го претстави оперативниот систем на големата конференција за програмерите, очекувањата се дека денеска ќе ја открие финалната верзија на iOS7. Платформата би требало да биде достапна за iPhone 4, 4S и 5, како и за актуелните модели на iPad, iPod и iPad Mini. Најавите се дека iOS7 ќе биде достапен уште овој месец.

4. Apple TV

Сите гласини околу Apple TV се појавија пред една недела, а иако деталите се непознати, се знае дека Apple неодамна ја купи Matcha.tv апликацијата за телевизија и видео, што само ги засили шпекулациите. Тим Кук претходно изјави дека подготвуваат нешто навистина впечатливо.

5. Изненадување

Освен овие очекувани претставувања, Apple секогаш може да изненади. Уште на WWDC беше најавено iTunes Radio, а новиот оперативен систем, остава можност и за претставување на нова верзија на таблет компјутер. Тим Кук претходно соопшти дека работат и на гаџети што може да се носат, како iWatch иако нема никакви најави. Сепак не смееме ниту да заборавиме дека Apple може да изненади со нешто сосема неочекувано.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О