Артеага беше еден од виновниците што жолто-црвените не добија
можност да се борат за победа во финишот од натпреварот против
литванската селекција откако за време на нашиот налет при негатива од
три поени досуди сомнителен прекршок на Тодор Гечевски, а потоа и
техничка грешка на Перо Антиќ со што беше ставен крај на средбата.
Шпанскиот судија истовремено направи и повреда на правилата откако им подари на Литванците две слободни фрлања за прекршокот на Гечевски иако нашата селекција не беше во бонус.
По средбата капитенот Антиќ и селекторот Алеш Пипан обзнанија дека добиле закани од Артеага уште пред шампионатот кога македонската селекција играше пријателски средби со Шпанија дека „ќе видиме“ во Словенија што и навистина се случи. Но, наместо да спроведе истрага по овие обвинувања и да му додели најниска можна оценка за грешките на средбата Македонија-Литванија, предводниците на европската кошарка го наградија Артеага со можност да суди во финалето.