Пуштен на слобода возачот кој ја прегази студентката Фросина

И покрај тоа што избегал од местото на несреќата, возачот на "хондата" по распитот во полициска станица е пуштен на слобода.

Според објаснувањето од истрагата, Љ.Б. не е задржан во притвор бидејќи таа мерка не е предвидена за вакво кривично дело. Исклучок има само во ситуации ако возачот е странец или пак ако има сомневање дека може да избега, пишува „Канал5“.



26-годишниот скопјанец вчеравечер околу 20.50 часот, веројатно поради неприлагодена брзина на возилото ја прегази 20-годишната Фросина Ц. од Крива Паланка, која во моментот ја преминувала улицата „Партизански одреди“ кај Универзалната сала во Центар. Девојчето, инаку студентка на Електротехничкиот факултет, од силниот удар почина на лице место. Возачот најпрво побегнал од местото на несреќата, но во 21.10 часот сам се пријавил во полициската станица во Ѓорче Петров.

На Љ.Б. му е земен примерок од крв и урина за да се провери дали бил под дејство на алкохол или наркотици, а автомобилот е пратен на технички преглед.



По барање на Јавен обвинител телото на Фросина е предадено на обдукција во Судска медицина.

По сообраќајката на социјалните мрежи се појави информација дека „хондата“ летала со 160 километри на час, но сепак брзината допрва ќе се утврдува. Од она што можеше да се види синоќа, на местото на несреќата немаше траги од кочење, а девојката ја минувала улицата на обележан пешачки премин. На преминот има и семафор, а истрагата треба да утврди дали за возилата или за пешаците било вклучено зелено светло.

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О