Натпреварот помеѓу РК Вардар и РК Металург беше вистински
ракометен спектакл, ракометна претстава каква што секоја држава може да
ја посака.
Ракометна борба, тактизирање, удари, исклучувања, фрлање на предмети, резултатски пресврти и по некои ситни инциденти...
Ремито на средбата беше можеби и најреалниот исход, затоа што ваков фантастичен ракомет, секој човек може да посака!
Двете централни трибини во СЦ „Борис Трајковски“ беа преполни, што е
вистинска најава колку брзо ќе се трошат картите за настапите на нашите
две најквалитетни екипи во Лигата на Шампионите а поготово, за
ракометното дерби помеѓу Вардар и Металург...