Како да го победите високиот крвен притисок?

Високиот крвен притисок може да го оштети здравјето на долг рок – води до срцеви заболувања, оштетување на бубрезите и други сериозни здравствени проблеми. Многу е важно тој да се држи под контрола.
Внимавајте на тежината
Идеалната тежина е секако основа на нормален притисок, дебелината доведува до висок крвен притисок. Ако имате неколку килограми вишок направете план за поздрава исхрана и држете се до тоа. По некое време сигурно ќе се чувствувате подобро.
Внимавајте на внесот на сол
Можно е да внесете повеќе сол отколку што на телото му е потребно. Најпаметно би било да водите дневник за исхрана. Вишокот на сол во организмот доведува до зголемено потење, ве прави напнати и го зголемува притисок.
Вежбајте редовно
Некогаш тежината не е единствената причина за висок крвен притисок. Тоа би можело да биде од стрес, неправилен начин на живот, нездрави навики во исхраната итн. Вежбајте редовно пет дена во неделата за да го држите притисокот под контрола. Дури и практикување на јога може да помогне да се доведе притисокот во нормала.
Избегнувајте кафе и алкохол
Понекогаш, премногу кофеин може да доведе до висок крвен притисок. Набљудувајте се себе си и забележете колку често пиете кафе, а потоа измерете го притисокот. Ако оди нагоре, тогаш треба да се внимава на кофеинската доза. Истото важи и за алкохолот.
Почнете со здрава исхрана
Здравиот начин на исхрана вклучува внес на овошје, житарици, храна богата со растителни влакна. Посетете нутриционист и разговарајте со него за моменталните навики во исхраната.
Стоп за пушењето
Ако сте страствен пушач ќе треба да најдете начин да се ослободите од оваа лоша навика. Доколку се откажете од пушењето тоа ќе ви помогне да спречите многу здравствени проблеми, вклучувајќи го и високиот крвен притисок. 



Извор:Денешен

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О