Пипан: Кошаркарите не ги чепкајте, мене можете да ме распнете

Ако барате виновник, јас сум тука и можете да ме распнете, но не ги чепкајте кошаркарите. Тие заслужија да одат со крената глава, тие најмногу сакаа да ги добијат натпреварите. Дадоа сѐ од себе од почетокот на подготовките до денеска, изјави македонскиот селектор Алеш Пипан по дебаклот во Словенија, пренесува МКД.мк.

samar
Пипан се обиде да ги заштити своите играчи од критиките што би следеле од јавноста. Една од причините за лошиот резултат Пипан ја најде во неиграњето на повредениот Ѓорѓи Чековски.
-Многу нѐ погоди неправдата против Црна Гора, а против Србија покажавме дека знаеме да играме големи средби. Но потоа дојде БиХ, односно голем пад. Денеска бевме во тешка ситуација уште од самиот почеток да бркаме разлика, што донесе притисок кај играчите, ја пренесува МКД.мк изјавата на Пипан.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О